За било какви прашања? контактирајте не!!

  • +389 33 270 694

    ltd.panevski@gmail.com
  • Индустриска зона

    Крижевска 34

ЗА Нас

ПАНЕВСКИ ЛТД дооел

ПАНЕВСКИ ЛТД дооел - компанија која е посветена на продажба на материјали за производство на мебел. Мотото на компанијата е квалитетни производи, со прифатливи цени за македонскиот пазар. Постојано ја прошируваме палетата на производи и услуги за нашите клиенти. Посветеноста е во целосно задоволување на потребите на потрошувачите, во делот на производите, и во делот на услугите. Во современи услови на живеење, кога потрошувачот е се повеќе информиран за квалитетите и цените на производите, ние целосно се залагаме да го почитуваме тоа, со крајна цел - задоволен потрошувач.

Ние сме ексклузивни увозници на познати брендови од Грција, Турција, Италија и Бугарија, кои се познати по конкурентските цени, високиот квалитет и долгогодишното успешно работење.
Потрошувачот е во фокусот на нашето внимание и за таа цел го збогатуваме асортиманот со новитети, но и со постоечките производи со повисок квалитет. За таа цел, во нашите подружници обезбедивме најсовремена опрема ( машини ) за кроење и кантирање, со што потрошувачите ќе можат на едно место да добијат комплетна услуга.

Наша среднорочна цел е да бидеме лидери во тровијата и услугите со материјали за мебел, да бидеме лојални кон добавувачите и потрошувачите, краток рок на испорака на материјалите, висок квалитет на производите и услугите, прифатливи цени за потрошувачите.

Ве очекуваме, повелете, контактирајте не, ќе се уверите во нашиот квалитет, асортиман, и прифатливи цени.

Image
Image Image

100% задоволни клиенти е нашиот приоритет, затоа користиме...

Услуги

Експерти

Висококвалификуван кадар

Технологија

Квалитетна и брендирана опрема

Квалитет

Искуство и професионалност

Дознајте први за најновите производи, попусти и промоции